Баерн Минхен го совлада Шалке со 3-0 во дерби мечот од Германската бундеслига. Отпорот на гостите “баварците“ го скршија во вториот дел со головите на Левандовски во 54 и 65 минута како и Видал во 75 минута.Полскиот интернационалец, стигна до 27 погодок во 30 меча за Баерн Минхен. Баерн на шест кола до крајот има 10 бода предност пред Борусија Дортмунд. 

 

Мануел Нојер стигна до 200 победа во Бундеслигата во неговиот 313 меч. За репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба ова беше 100 меч во дресот на Баерн Минхен.