Полскиот интернационалец Роберт ЛЕвандовски го украде шоуто на “Сигнал Идуна Парк“ и со четирите гола го заврте вниманието на светската јавност.

– Каква вечер, среќен сум за постигнатите голови, но сепак најважно е тоа што нашиот тим направи голем чекор кон финалето. Реал играше добро во првиот дел, но ние имавме се под контрола во вториот. – истакна Левандовски.

 – Ова беше кралска вечер за нас. Ќе беше уште поимпресивно доколку непримевме гол, но сигурно дека е тешко да се оствари ваков резултат против тим како Реал. Одигравме одличен меч од почетокот до крајот и заслуживме да победиме со ваква разлика – истакна играчот за врска Илкај Гундоган.

– Фантастична изведба во текот на сите 90 минути. Потполно заслужена победа и ако самите сме виновни за примениот гол. Тимот се извлече за грешката во вториот дел и 4-1 е супер резултат. Сепак Реал е тим кој постигнува доста голови на домашен терен и затоа треба да останеме фокусирани – рече Михаел Зорц, спортскиот директор на клубот.