Комисијата за претстижната спортска награда „Лаурес“ ги објави потесните кандидат за признанието, кое се доделува за најуспешниот спортист. Во потесниот круг има фудбалер, тенисер, кошаркар, пилот во Формула 1 и двајца атлетичари.

Номинирани за наградата во категоријата спортист на 2020 година се:

–  фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски,

–  светскиот рекет број два, Рафаел Надал,

–  кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс

–  шампионот во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон

– атлетичарот и светски рекордер во скок со стап, Арман Дуплантис

– тркачот од Уганда и светски рекордер на далечина од 10 000 метри, Џошуа Кипруи Чептегеј.

Минатата година наградата ја поделија Хамилтон и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси. Наградата „Лауреус“ често ја споредуваат со наградата „Оскар“. Таа се доделува во неколку категории.

OhridNews