Ливерпул го комплетираше англискиот квартет во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони елиминирајќи го минхенски Баерн. „Црвените“ од Енфилд го совладаа Баерн Минхен (3-1) и со тој вкупен резултатот обезбедија пласман во ТОП 8, откако првиот меч заврши без победник 0-0. За елиминацијата на „баварците“, полскиот репрезентативец Роберт Левандовски го обвини стилот на игра кој го негува тренерот Нико Коваќ.

  • Во Англија воопшто не ризикувавме, не се обидувавме да постигнеме гол. Исто се случи и синоќа. Не бевме офанзивни, не се обидувавме да креираме шанси. Тоа беше основниот проблем. Игравме дома, но не ја игравме нашата игра, бевме дефанзивни, поради тоа не добија. Лут сум поради ова, знам дека можевме многу подобро. – изјави Левандовски.

После завршување на евро-авантурата Баерн Минхен мора да се насочи кон трофејот во Бундес лигата и го победи ривалот Борусија Дортмунд.

OhridNews

ЛШ: Фешта на Ливерпул во Минхен, Барселона го здроби Лион (видео)