Полјакот Роберт Левандовски за само две сезони го сврте целосно вниманието на себе откако имаше фантастичен удел во освојувањето на титулите и пласманот во финалето од Лигата на Шампиони.

Но, за возврат Левандовски не добил ништо, а и му пропадна трансферот во Баерн Минхен што донесе разочарување.

– Се чувстувам измамено од Дортмунд бидејќи ме измамија. Кога некој нешто ќе ви кажи тогаш треба да го одржи тој збор,не станува збор само за мојата преселба,туку и за некој работи што ми беа ветени но не ни остварени.Ме лажеа во очи безразлика колку напорно тренирав и придонесов за Дортмунд – изјавил разочараниот Левандовски.

Напаѓачот со десет погодоци беше втор најдобар стрелец во Лигата на Шампиони по Кристијано Роналдо, кој имаше 12 голови.

Мх.П.