Македонската репрезентација во Футсал обезби пласман во квалификациите за Европско Првенство во Хрватска 2012 година. Македонија во натпреварот “да се биде или не“ ја совлада репрезентацијата на Грузија со 2-1 и се пласираше на првото место во групата Ц од претквалификациите.

Охриѓанецот Левески во 2-та и 26 минута беше двократен стрелец за Македонија. Надежта за гостите ја врати капитенот Бодокидзе во последните моменти од натпреварот.


Македонската репрезентација во Футсал од 24 до 27 февруари ќе брка пласман на Европското првенство во група со Полска, Португалија и Белорусија.

6-те
победници во прелиминарните групи ќе им се придружат на 18-те
најдобро рангирани селекции во Европа и ќе формираат нови 6 групи. Првопласираните селекции од овие
групи заедно со 5-те најдобри второпласирани селекции ќе патуваат на ЕП
во Хрватска.


Мх.П.