Македонскиот футсал првак Железарец пропушти шанса со победа над норвешкиот Осло да го осигура првото место од квалификацискиот турнир од Футсал-купот во Скопје.
Наместо триумф, “железарци“ мораа да се спасуваат од пораз ремизирајќи 1-1, норвежаните први дојдоа во предност во 12 минута преку Сортевик, додека Ранготов со голот во 19` ги постави конечните 1-1.
Охриѓанецот Левески кој на првиот натпревар против Истанбул постигна хет – трки вели дека се е во наши раце и оти во последното коло ќе се обезбеди посакуваниот пласман.
– Не намачија норвежаните кои не изненадија со добра игра и солидната физичка подготвеност. Остануваме во предност благодарение на постигнатата гол разлика. Мала предност ќе биде тоа што во третото коло тие пред нас ќе го одиграат натпреварот – вели Левески.
На останатиот натпревар во групата Даниловград со 8-3 го победи Истанбул.
Во последното одлучувачко коло в недела играт Осло – Истанбул, односно Железарец – Даниловград.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.