Македонскиот футсал шампион, КМФ Железарец забележа убедлива победа од 15-3 во второто коло на квалификацискиот турнир од УЕФА футсал купот што се игра во Македонија.


Избраниците на тренерот Васко Скендеровски прикажаа одлична игра против турскиот првак Истанбул и ја забележаа најубедливата меѓународна победа во историјата на клубот.

Најефикасен во нашиот тим беше Ранготов со 5 погодоци, додека Мартин Тодоровски постигна 3.

Во втората средба од групата Ајднховен очекувано го совлада тимот на Екцес Биднија со 8-2.

Поради подобрата гол разлика Железарец е прв во групата пред последното коло в недела кога игра против директниот ривал Ајднховен и за пласман во следната рунда му е доволен и нерешен резултат.

3. коло недела СРЦ Кале:

18.00 Екцес Биднија – Истанбул

20.30 Ајднховен-КМФ Железарец