Левица како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува кога е во прашање македонската посебност и антифашистичката историја велат од ЛО Левица Охрид додавајќи дека како што била поднесена иницијатива за забрана на Здружението „Иван Михајлов“ во Битола, така поднеле и иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис III“ до ОЈО Охрид.
Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија, додаваат во соопштението.
Од Левица Охрид потсетуваат и за закажаниот протест во петок со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид.
OhridNews












