Левица ЛО Охрид со апел до инспекциските служби да извршат увид на објект во Лагадин.

На 2 мај како што наведуваат во соопштението до нив била стигната информација дека имало градежни активности на објект во населбата, кој е дивоградба, сопственост на познат битолски бизнисмен.

Освен тоа, со градежниот шут е направена депонија во непосредна близина, со што се врши загадување на животната средина. Апелираме до соодветните инспекциски служби да извршат увид и да постапат според законот и според Извештајот на УНЕСКО, велат во соопштението од Левица Охрид.

OhridNews