Партијата Левица со соопштение обвинува за нееднаков третман на плажите на охридското крајбрежје и селективност при уривањето од страна на локалната самоуправа. Повикувајќи се на граѓани, Левица објави фотографии од плажата Метропол, каде, според партијата, наводно постои кршење на прописите, а надлежните институции не реагираат.

За кого Георгиески е мајка, а за кого маќеа? Метропол не само што го узурпира и бетонира цел брег , прави профит од барови на државен имот, сега се дрзна да прави сепареа на пристаништето кое е државен имот”, – стои во информацијата. –  се вели во реакцијата.

Левица – Охрид ги повикува надлежните да ги испитаат овие информации и да постапат соодветно.

OhridNews