Поскапување на водата во време на здравствена и економска криза дополнително ќе го загрози ионака тенкиот буџет на граѓаните. Ваквата најава на градските власти, според партијата Левица, треба да ги покрие зголемените трошоци во работењето на ЈП Водовод поради партиски вработувања.

Константин Георгиески повторно со нов предлог за поскапување на водата и тоа фиксен надомест за домаќинства 100 денари, а за останатите 120 ден. Ваквиот предлог на градоначалникот се случува за време на пандемија и економска криза, кога десетици илјади граѓани ги изгубија своите работни места, кога секое семејство одвај крпи крај со крај, кога потрошувачката кошничка станува се’ поскапа, а буџетот на секое семејство се’ потенок, кога претпријатијата и угостителските објекти работат со големи загуби. Останува да се надеваме дека советниците едногласно ќе се изјаснат против поскапувањето на водата , во интерес на граѓаните. – стои во партиската реакција.

Левица бара градоначалникот Георгиески неговата матична партија СДСМ, да запрат со партиски вработувања во јавните претпријатија и да им објаснат на своите членови дека партиите не се биро за вработување.

Јавните претпријатија се веќе превработени, а решението за таа превработеност не е поскапување на услугите. – велат од Левица.

OhridNews