Локалната самоуправа не ги почитува препораките на УНЕСКО и дозволува градежни активности на самата брегова линија, обвинува партијата Левица. Пример за тоа според Левица се случувањата во кампот Љубаништа.

Во овој автокамп извршено е тампонирање на пристапни патишта со езерска песок, како и доградба на шанк (цврста градба) на неколку метри од брегот. Поставени се неколку објекти на бетонирани површини. Исто така, забележано е проширување на постоечката парцела во строго заштитениот појас на Национален парк Галичица, каде се поставени и стотина камп-приколки, за кои газдите узурпатори наплаќаат годишна кирија од 1000 евра. – стои во реакцијата на Левица.

 

Партијата ги повикува надлежните институции детално да го испитаат работењето на автокампот Љубаништа и доколку се утврдат овие забелешки узурпаторите да бидат соодветно санкционирани.

Доста е глума и предизборно лицемерие од страна на локалната власт на СДСМ, додека Охридското Езеро неповратно се уништува. – се вели во реакцијата на Левица.

OhridNews