Членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за донесување одлука со која престојот и исхраната на децата кои се згрижени во државните градинки на територијата на Општина Охрид да бидат ослободени од партиципација.

Со престојот на децата во градинките се создаваат предуслови за сите нивни подоцнежни услови во образованието и социјалната интеграција. Градинките немаат само згрижувачка улога, туку исто како и основното образование, имаат воспитно-образовна и спортско-рекреативна улога, преземајќи вклучително и културно-забавни активности, мерки за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата. Имајќи предвид дека основното образование согласно Уставот на Република Македонија е бесплатно, а ценејќи ја претходно наведената улога на градинките во развојот на децата, логичен след е и овој дел од образованието да биде бесплатен, се наведува во образложението.

OhridNews