Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и ДПМНЕ не го исполнија тоа што го ветија како приоритетни проекти во предизборната програма со којашто ја освоија локалната власт во Охрид, реагираат од Охридскиот огранок на Левица.

Пецаков предизборно на oхриѓани им вети ревитализација на Студенчишкото Блато, но наместо реализирање на ветувањата за ревитализација која требаше да опфаќа вопоставување поврзаност помеѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро преку канали, на ова место никнаа пет нови дивоградби за две години, иако за ова место има решение за привремена заштита, велат во реакцијата.

Посочуваат дека било ветено просторот да биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли на кои ќе бидат презентирани информации поврзани со блатото.

На одредени точки требаше да бидат поставени и видиковци од каде што посетителите ќе добијат подобра слика за целиот простор. Целта на овој ветен проект беше заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштита од ендемичната риба пастрмка, зголемување на протокот на вода, зачувување на растителниот и животинскиот свет, мрестот на крап и гнездењето на птиците. Левица ЛО Охрид апелира дека природните богатства сочувани со милениуми не се приватни имоти на корумпираните политички елити. Тоа им припаѓа на сите граѓани. Неговата заштита е колективна одговорност!, додаваат во реакцијата.

OhridNews