Забавувачите на брзина на бул. „Туристичка“ кои беа извадени поради непречено одвивање на сообраќајот за време на состанокот на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет, што се одржа неодамна во Охрид, деновиве се враќаат на коловозот. Засега целосно обезбедена е едната коловозна лента од најпрометната градска сообраќајница, додека на другата фалат уште неколку „лежечки полицајци“.

OhridNews