Внимание, тие се повторно тука. Успорувачите на брзина, кои минатата недела беа извадени од главната градскка сообраќајница, деновиве беа се вратени на старите места.

Возачите сеуште тешко се навикнуваат на промената па додека фотографиравме неколкумина едноставно “прошишаа“ преку успорувачите на брзина. Оние другите внимателно поминуваа.

Инаку успорувачите на брзина беа извадени поради одржувањето на Самитетот на претсдателите на земјите од Југоисточна Европа што минатата недела се одржа во Охрид. На тоа инсистирал протоколот заради безбедност на учесниците.

Г.М.