Екипата на ЛГ од Битола со два златни медали од три можни е најуспешна на турнирот „Трофеј 2015“ кој се одржа викендов во Охрид по повод првиот роденден на охридската фудбалска школа Топ Тим.


Битолчани со медали се закитија во генерациите 2002 и 2004 победувајќи ги домаќините на турнирот во финалињата. Третото место во 2002 му припадна на Борец додека во 2004 на Њу Старс.


Во најмалата генерација 2006 првото место го освоија фудбалерите од Неготино победувајќи го составот на ЛГ во финалето.


Во 2002 генерација за најдобар голман беше прогласен Јовица Михајлевиќ, во 2004 Томи Симјаноски, а кај најмалите Андреј Даневски.


Најдобри стрелец во 2002 беше Славе Маркоски, во 2004 Никола Кречов, а во 2006 наградата ја поделија Давор Денковски и Давид Томевски.

Мх.П.