ГРК Охрид во средба во рамки на петтото коло од ракометната Супер лига ја пречекува екипата на ГРК Тиквеш.
Свесни сме дека ниеден натпревар не е лесен и дека мора кон се да пристапиме со сериозност и постојаност. Веруваме дека ќе одиграме силно и во одбрана и во напад и ќе извојуваме победа пред нашата публика, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Николаос Лиапис.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.
OhridNews