Денеска извршниот комитет на Либералната партија, одлучи да не учествува на претстојните локални избори, поради политичката криза предизвикана од настаните на 24-ти декември минатата година.

„Одлуката за бојкот на ЛП е преседан во нашата партиска историја, но истата е последица на политичката криза предизвикана од настаните од 24 декември 2013.“ – се вели во соопштението.
Од оваа партија, на своите челенови им порачаат дека нивните членовите не смеат да учествуваат во попречување на изборниот процес, а оние партиски членови кои се дел од изборните органи, по сопствено уверување може да ги остварат своите должности согласно позитивните законски прописи.
OhridNews












