Нема ништо од последната контрола на избраниците на Јонуз. Дел од медиумите го објавија списокот на селекторот за мечот во Триполи , а тој се откажа.

 

Според информацијата на официјалната веб страна на ФФМ, фудбалската федерација на Либија во договорениот термин не го исполнила финансискиот дел од понудата што ја доставила до ФФМ за одигрување на пријателскиот натпревар во Триполи на 22 декември, по што ФФМ одлучила да го откаже гостувањето во Либија.

ohridnews