Вчера утрото, во 09.15 часот, на местото „Трпеј Кошари“, атар на селото Лактиње, општина Дебрца, при контрола, полициски службеници затекнале четири лчица, сите од Демир Хисар, како вршат утовар на огревно дрво без документи на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на на едно од лицата.
На местото бил затекнат и 53-годишен шумар од селото Лактиње, кој со чекан за жигосување ги обележал дрвата. При преглед на теренот, пронајдена е поголема количина исечено огревно дрво. Камионот натоварен со дрва и чеканот за жигосување се одземени, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
OhridNews
Фото: Илустрација











