Во организација на Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга, на 24 јуни ќе се одржи Интернационален Џудо натпревар во чии рамки ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот „Judo4All“.

На настанот учество ќе земат повеќе од 600 џудисти, тренери и гости од повеќе држави од регионот и Европа.

Натпреварот ќе се одржи во спортскиот центар Тими во Струга со почеток во 10 часот.

Г.М.