Лидерите на 27-те европски земји-членки на ЕУ ја потпишаа Римската декларација, која во суштина ја претставува иднината на Европската Унијата, јавува „Макфакс“.

На самитот во Рим не присуствува премиерот на Велика Британија Тереза ​​Меј.

Свечената церемонија на потпишувањето на документот се одржа на Капитол Хил во италијанската престолнина.

Во Римската декларација шефовите на 27-те држави членки даваат оценка за постигнувањата на Заедницата, што се случија во изминатите 60 години

Тие се обврзаа дека ќе работат за безбедна, заштитена, просперитетна и сигурна, социјална и посилна Европа.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на почетокот од Самитот во Рим, по повод 60-годишнината од основачките договори на Европската унија ги повика лидерите да бидат кормилари на Европа, да работат на процеот за излез од кризата, пренесува AFP.

“Докажете денеска дека сте лидери на Европа, дека можете да се грижите за тоа големо наследство, што пред 60 години го добивме од хероите на европската интеграција години”, изјави Туск во саботата на почетокот од одржувањето на Самитот. 

Тој уште додаде дека “Европа како политички субјект или ќе биде обединета, или нема да постои воопшто “. 

OhridNews
извор: „Макфакс“