Во просториите на Регионалниот одбор на СОНК,  се оддржа вонредна седница на синдикалните лидери од охридските синдикални организации на СОНК, при што се дискутираше за актуелните состојби во образовните и културно – научните установи.

Едно од поважните прашања за кои се дискутираше беше  екстерното оценување, при што просветарите реагираа  во врска со однапред утврдената квота на казнувања и  наградување на  наставниците, односно донесената  одлука за 20 % казнувања и 15 % наградувања на  државно  ниво. На средбата беше потенцирано дека СОНК ќе  реагира  и  ќе ги преземе сите законски мерки  за  повлекување на оваа,според нив, тенденциозна  одлука која  е предвиднео да стапи на сила од мај 2013 година. Во контекст на екстерното оценување  беше побарано  да  се ревидираат критериумите според кои се врши оценувањето , особено во делот на сертификатите и семинарите за кои мора да се плаќа , а и за класните раководства  кои припаѓаат на одредени, а не на сите наставници.


Друга спорна одлука за која реагираа синдикалните  лидери од образовните установи  е и забраната  за користење на учебни помагала – работни листови  што претставува мешање  во работата и ограничување на методите на работа на наставникот. Во врска со описното оценување беше посочен и проблемот со  задолжителното повеќекратно евидентирање на описното оценување, што претставува голем товар за одделенските наставници , чија работа и работни  задачи се  доволно сложени.

Присутните разговараа и околу преземените активности и договори со надлежните државни и локални  органи  за подобрување на условите  во кои се работи. Беа информирани дека проблемот со статусот на вработените во градинките кој постои со години, ќе биде решен најдоцна до Нова година. При тоа, се истакна и новиот начин на вреднување  на  стручноста на воспитувач(к)ите, односно  т.н. лиценца за работа со деца за која воспитувач(к)ите ќе треба да полагаат на секои  пет години.

Синдикалните лидери  од охридскиот регион беа известени дека со декемвриската плата  , односно со исплатената плата во јануари 2013 година, ќе има покачување на месечната плата  за 5% . Присутните беа запознаени и околу неодамна оддржаната средба меќу лидерот на СОНК, Јаким Неделков, и првиот човек на ЗЕЛС,Коце Трајановски, при што беше потпишан меморандум за соработка на СОНК со локалните самоуправи во Македонија. Со  меморандумот,општините ,односно нивните градоначалници, како и  именуваните директори   во училиштата и  во другите  засегнати установи , се должни да соработуваат со синдикалните  претставници, особено кога станува збор за нови вработувања.


Присутните на седницата на Регионалниот одбор на охридскиот  СОНК, беа информирани и дека на неодамна одржаната средба меѓу претседателот на Регионалниот одбор и  градоначалникот на Охрид, било договорено  и одобрено просветарите кои   патуваат до работно место повеќе од  3 километри да добијат бесплатни возни билети   со кои  ќе го користат  јавниот превоз   кој сообраќа  на  соодветната релација . Станува збор за втората фаза од  ветеното пред 9 месеци, со што  ќе бидат опфатени нови осумдесетина наставници кои како и сегашните триесетина,  бесплатно  ќе ги користат  овие  придобивки од  соработката  на  регионалниот СОНК со Локалната самоуправа .

OhridNews
foto:DIM DON