Американскиот претседател Џо Бајден синоќа од Белата куќа соопшти дека во напад на дрон на ЦИА во Кабул, Авганистан, бил убиен лидерот на Ал Каедa, Ајман ал-Завахири.

Нападот се случил во саботата во предградие на Кабул, додека Завахири се наоѓал на балкон во објектот каде престојувал.

Завахири ја предводеше групата од 2011 после убиството на Осама бин Ладен и се сметаше за еден од главните организатори на терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

По заминувањето на нашите војници од Авганистан пред една година… му ветив на американскиот народ дека и покрај тоа ќе продолжиме со ефективна контратерористичка операција во Авганистан и пошироко, во февруари елиминиравме емир на ИД, минатиот месец ликвидиравме уште еден лидер на ИД, а сега го отстранивме и емирот на Ал Каеда, изјави Бајден.

Додаде дека со оваа акција Авганистан нема повеќе да се користи како инкубатор за терористи.

Тој им порача на сите оние кои се огрешиле во тоа да напаѓаат американски објекти и војници.

Ако сте закана за нашиот народ – САД ќе ве најдат и отстранат.

Бајден изјави дека убиството на Ајман ал Завахири ќе донесе некаква утеха за оние чии роднини беа убиени за време на терористичките напади на 11 септеври 2001 година.

OhridNews