Нема стоп за охридските Колибри кои во
дербито на колото со 80-70 го совладаа лидерот Соколи и им го нанесоа
првиот пораз сезонава.


Охриѓани не стартот ставија до знаење кој е кој и по провото полувреме ја имаа највисоката предност од плус 21 поен.

По паузата скопјани се созедоа, и го намалија високото водство на едно
цифрена предност. Тренерот на охриѓани Балазоска, не дозволи
изненадување ја смири играта и го приведе мечот кон мирен финиш.

Петар Бојоски со 28 поени беше најпрецизен на мечот, додека по
санацијата на повредата благодарение на физиотерапевтот Јонче Петан, во
тимот се врати и Христовски кој ќе биде важна алка во последните два
меча.

До крајот на есенскиот дел охриѓани гостуваат во Крива Паланка и на домашен терен го пречекуваат Водно Санс.

М.П.