Адора Инженеринг учествува на репрезентативен штанд, сместен во првата хала непосредно до главниот влез, што е во знакот на 10 годишниот јубилеј на фирмата.
– Новина на штандот на фирмата е тркалото на среќата на кое ќе учествуваат сите купувачи на нашите станови, деловни простории и подземни паркинзи што на саемот ќе потпишат договори за купопродажба. За нив обезбедивме атрактивни попусти на цените, вредни подароци, недвижности, парични награди и апарати за домаќинство кои новиот дом ќе им го исполнат со среќа, љубов, радост и бериќет, велат од Адора Инженеринг.
Во изминатава деценија Адора Инженеринг има изградено повеќе од 1000 елитни, високо квалитетни станови во резиденцијалните станбено деловни објекти низ Македонија- во Скопје, Охрид и Струмица, каде има изградено стотици деловни простории и голем број подземни современи паркинзи. Според Централниот регистар во 2011 Адора Инженеринг е меѓу 20- те најуспешни фирми, рангирана меѓу првите градежни компании во градежништвото. Како препознатлив бренд во високата градба, Адора Инженеринг нуди се на едно место- инвестирање, проектирање, изведување, продажба, квалитет, цврстина и стабилност по светски стандарди, сигурност, енергетска ефикасност и еко градби.
Адора Инженеринг е добитник на наградата Инвеститор на годината за 2010 на првиот саем RealEX 2011 во Скопје. Во 2010 има добиено три национални награди за најдобри општествено одговорни практики со кои се донирани две саат кули во Ѓорче Петров и Струмица, фонтаната Македонија во Кислеа вода, зелени површини, игралишта и паркови во сите општини каде фирмата има објекти.