Нема договор по денешната средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски.

Двете страни, како што јави репортерот на Макфакс, останале на истите позиции од претходно.

Црвенковски го изнел барањето за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а премиерот Груевски го изнел ставот дека не може да разговара со поставување услови.  

OhridNews
извор: Макфакс