Голема еуфорија владее во Лидс после враќањето на фудбалскиот клуб во Премиер лигата после пауза од 16 години. Честитки на адреса од клубот стигнуваат од сите страни, а градот на менаџерот Марсело Биелса му се оддолжи со именување на улица.

Ова е фантастичен момент за градот, пресреќни сме што Лидс се врати во Премиер лигата. За краток рок менаџерот ги сврте работите во клубот, ги заслужва сите честитки. Поради тоа сме неизмерно среќни што оваа улица во иднина ќе се вика „Патот на Марсело Биелса“. – рече Дејвид Морисон задолжен за сообраќај и транспорт во Лидс.

Биелса кормилото на Лидс го презеде минатата сезона. Во првата сезона Лидс отпадна во плејофот од Дерби Каунти, но сезонава стигна до титулата во „Чемпионшип“ со што избори директен пласман во Премиер лигата.

Лидс најавува офанзива на трансфер пазарот и како прво засилување го пикираше голгетерот од Уругвај Едисон Кавани.

OhridNews