Фудбалерите на Манчестер Сити во првиот полуфинален на Олд Трафорд со 3-1 го совладаа Манчестер Јунајтед и направија голем чекор кон пласман во финалето од англискиот Лига куп.

„Граѓаните“, за 45 минути ги решија дилемите околу победникот, а можеби и патникот во финалето. Резултатот го отвори Бернандо Силва, на 2-0 зголеми Ријад Марез, а кошмарното прво полувреме го комплетираше Андрес Переира кој си постигна авто гол за 3-0. Во второто полувреме, Манчестер Јунајтед го ублажи поразот преку Маркус Рашфорд и си остави трошка надеж за реваншот на Етихад.

Во вториот полуфинален натпревар силите ќе ги одмерат Лестер и Астон Вила.

OhridNews