Лига на нации: Македонија отвора против Бугарија на гостински терен
17.12.21 10:14
Во Нион, седиштето на УЕФА беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.
Македонската репрезентација е во групата 4 од Ц сегментот со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар. Нашиот најдобар национален тим натпреварувањето го отвора со гостинска пресметка против Бугарија на 2. јуни 2022 година, потоа на 5 Јуни следува натпреварот со Гибралтар, па на 9 Јуни Македонската репрезентација ќе го одигра првиот домашен натпревар го против Грузија, а на 12 јуни ја пречекуваме репрезентацијата на Гибралтар. Македонија гостува кај Грузија на 23 Септември и завршниот натпревар го игра со Бугарија на 26 Септември.
Бугарскиот селектор Јасен Петков ја оцени жрепката во Нион Како „исклучително добра“ која за противници на неговите фудбалери во Лигата на нации им ги донесе македонската, грузиската и репрезентацијата на Гибралтар.
Петков во изјава за официјалниот сајт на Бугарската фудбалска федерација истакна дека целта на неговиот состав ќе биде да го освои првото место во групата 4 во рамки на Ц-дивизијата.
Поради Мундијалот 2022 во Катар, третото издание на Лигата на нации ќе се одигра во забрзано темпо, со четири кола во јуни и завршните две во септември.
Победниците во четирите групи во Ц-дивизијата ќе изборат промоција во Б-лигата за следната сезона, додека последно пласираните ќе играат бараж за опастанок.
СВР Охрид ја известува јавноста дека, од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на...
Охрид достоинствено го чествува ликот и делото на Григор Прличев По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченоста „Стихови и звуци за Прличев“ во родната куќа на Прличев ...
Под мотото “Февруари месец на елеганција и љубов“ започнува традиционалниот најголем досега февруарски попуст во бутик Емили Попустот ќе важи во текот на целиот месец февруари! Доколку имате важен ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.