Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ги оствари своите планови и се наоѓа на бод од заверување на првата позиција во групата, откако на гостувањето во Лихтенштајн со 2-0 ја совлада истоимената селекција во петтата рунда од фазата по групи во Д лигата.

„Црвено жолтите“ претпазливо, но со блага иницијатива го започнаа натпреварот. Неколкуте прилики во првиот дел не ја погодија целта, но играте ветуваше. Плодот за офанзивнта игра стигна на стартот од второто полувреме. Енис Барди со свој познат специјалитет од слободен удар го матираше домашниот голман и го отвори резултат. Сите дилеми околу победнико ги разреши Илија Нестороски, кој со погодок ја круниса акцијата на Горан Пандев и Александар Трајкоски.
Мал пех за македонската репрезентација на гостувањето во Вадуц беше повредата на Стефан Спировски и жолтиот картон на Пандев, кој ќе го пропушти последниот меч од групата. Македонија на домашен терен ќе го пречека Гибралтар.
OhridNews











