Македонската фудбалска репрезентација синоќа претрпе пораз од 2:0 од Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана.

Словенија до победата стигна со головите на Ловриќ и Матко.

Македонија, и покрај осумте промени во составот во однос на претходниот натпревар против Швајцарија, не успеа да постигне гол.

Свое деби го забележа и стружанецот Христијан Малески, кој го упати единствениот удар во рамките на голот за Македонија на овој натпревар, но не успеа да ја затресе мрежата.

Следниот натпревар во Лигата на нации Македонија го игра во сабота против Шкотска, од 20:45 часот во Скопје.

OhridNews

Фото: ФФМ I Фејсбук