Синоќа се одиграа првите плеј-оф натпревари во фудбалската Лига на шампиони. Најинтересно беше во Истанбул каде Галатасарај и Јувентус одиграа спектакуларен меч со 7 голови во кој славеше турскиот гигант. Во француската пресметка ПСЖ со пресврт славеше над Монако, а мечот во Лисабон помеѓу Бенфика и Реалл Мадрид го одбележе 10-минутен прекин поради наводни расистички навреди кон стрелецот на единствениот гол, Винисиус Јуниор, на што му претходеше контроверзна прослава.

Резултати Лига на шампиони плеј-оф:

Галатасарај – Јувентус 5:2

Бенфика  – Реал Мадрид 0:1

Монако – ПСЖ 2:3

Борусија Дортмунд – Аталанта 2:0

Вечерва на програмата се уште четири натпревари од плеј-офот за пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампиони во кои се среќаваат:

Карабах – Њукасл (18:45)

Бодо Глимт – Интер (21:00)

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид (21:00)

Олимпијакос – Бајер Леверкузен (21:00)

Реваншите ќе се играат следната недела.

Г.М.