Ракометарките на Вардар се пласираа во финалето од Лигата на шампиони, откако во полуфиналето на фајналфор турнирот што се игра во Унгарија, го совладаа тимот на Ростов Дон со 25:19 (10:7).

Вардарки имаа водство во текот на целиот натпревар и сосема заслужено обезбедија ново финале, второ едно по друго, во кое ќе играат против унгарски Ѓер, кој во првото полуфинале славеше над Букурешт со 28-20.

Финалето се игра во недела во 18 часот.

OhridNews