Општина Охрид објави ликовен и литературен конкурс во соработка со основните училишта на тема „Есента топла и златна наслика во природата најубави платна“.

Човештвото се соочува со намалување на зелените површини  целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент.

Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица–почеток на есента 23-ти септември.

Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.

OhridNews