Во чест на денот на шегата Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ и невладината организација „Уне, Груаја“ (Албанија) организираат ликовен конкурс на тема „Живиот свет на Охрид и околината“ посветен на екологијата на Охридскиот регион.

Конкурсот трае од 01.04.2025 до 15.04.2025 и е наменет за сите деца од училишна возраст, а исто така за децата со посебни образовни потреби (посебни категории).
Изработките со име и презиме и телефон на родител треба да им се предадат на одделенските наставници.
По обjавувањето на резултатите ќе биде организирана изложба на најдобрите творби, информираат организаторите.
OhridNews












