Изложбата е во рамки на активностите кои, ова училиште ги организира по повод обележувањето на сто и пет годишнината од херојската погибија на охридскиот илинденски војвода “Христо Узунов”.
Централната прослава по повод патрониот празник на О.У. „Христо Узунов“, ќе се одржи во 19 часот во големата сала на Центарот за култура. Поздравно обраќање ќе има директорката Оливија Пирузева – Јанева, а свеченоста ќе биде збогатена со приредба и поетско музички рецитал на учениците.