– Гледано низ уметничкото око, можеме да се пофалиме со многу цврст и јак ликовен кадар на ученици, но и професори кои ги водат учениците. Низ годините наназад сведоци сме на прекрасни дела создадени од учениците предводени од професорките Катерина Слатинова и Цветанка Пљакоска, коишто со заеднички труд создаваат дела кои долго се паметат, велат од средното училиште Св. Климент Охридски.
Изработените и изложени дела во рамки на Саемот на реални компании во економското училиште, на патронатот на гимназијата, новогодишниот концерт организиран од Лионс клуб, како и учеството на бројните конкурси во Македонија, но и надвор од земјата, како што потенцираат од училиштето, се само уште една потврда за големата креативност на охридските средношколци.