Градоначалникот Кирил Пецаков, за нов в.д. директор на ООУ „Григор Прличев“ ја назначи Лилјана Ефтимовска, професор по историја, информираа од Општина Охрид.

Ефтимовска доаѓа на местото на досегашната директорка Ивана Маховска Шикалеска, која поднела оставка од позицијата.

Градоначалникот Кирил Пецаков и се заблагодари на досегашната директорка за ангажманот и соработката.

OhridNews