Лилјана Спировска- нов директор на ОУ „Григор Прличев“
24.02.12 09:05
Лилјана Спировска, професор по англиски јазик е новиот директор на основното училиште „Григор Прличев“. Конечната одлука кој ќе биде новиот директор на училиштето ја донесе градоначалникот Александар Петрески, по претходно извршената селекција на пријавените кандидати на распишаниот конкурс од страна на надлежната комисија при училиштето, кои согласно законската процедура, имињата на кандидатите кои ќе се изберат како најсоодветни за извршувањето на директорската функција се должни да ги испратат до градоначалникот кој го има крајниот збор.
По поднесената оставка на Сашо Ставрески, во месец октомври минатата година за ВД директор во ОУ „Григор Прличев“ беше поставен Перо Георгиески, професор по физичко воспитување во училиштето.
Наскоро се очекува да бидат објавени и имињата на новите директори и на основните училишта „Христо Узунов“ и „ Братство и единство“, каде постапката за избор на нов директор е во тек.
И во овие две училишта , пред самиот крај на мандатот, директорите поднесоа оставка, по што беа поставени ВД директори до изборот на новите.
Врнежливата пролет по која настапија високи температури придонесоа за раст на вегетацијата и во урбаните средини И се би било во ред доколку граѓаните редовно ги одржуваат своите имоти, но, за жал,...
И овој викенд полицијата со полни раце работа Сообраќајната полиција извршила контрола на 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, конс...
Вчера попладне во 1821 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело Од извршениот увид, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.