Актуелниот првак во БИБЛ Лигата, Фени Индустри со тројка во последните секунди од мечот го совлада Морнар со 83-82 и обезбеди пласман на “фајнл фор“ разигрувањето.

Јунак за “лозарите“ беше бугарскиот интернационалец Лилов кој имаше мирна рака во завршниот напад и четврти пат во четири години “портокаловите“ одат на разигрувањето.

Одбраната на трофејот освоен лани, Фени на завршниот турнир кој ќе се игра во Израел го почнува против добро познатиот противник, Левски од Софија. Тој натпревар ќе се игра на 21 април.

Ohridnews