Успешниот настап, односно минувањето на првата и втората квалификациска рунда за пласман на Австралија Опен на Лина Ѓорчески ќе и донесат бодови со кои ќе напредува на ВТА рејтинг листата.
Најдобрата спортистка во Македонија за 2016 година ќе се пробие меѓу ТОП 200, и тоа ќе биде нејзин најдобар пласман.
Покрај напредокот во светскиот поредок во женскиот тенис, тетовчанката ќе инкасира 19 илјади амерички долари за двете победи во квалификациите за првиот грен слем турнир за годинава.
Ѓорческа во првата рунда во три сетови ја совлада Саша Викери, во втората успешно ја мина Унгарката Далма Галфи со победа во два сетови, а не успеа да ја прескокне и Стефани Вогел која победа и пласман обезбеди по три сетови игра.
OhridNews