Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во второто квалификациско коло на Австралија Опен, откако во првото со 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 6-3) ја елиминираше Саша Викери.


Со овој триумф Лина испиша историја во белиот спорт во Македонија, бидејќи стана прва тенисерка со победа на еден грен слем турнир.

Ѓорческа во првиот сет го искористи брејкот направен на почеток и го освои победувајќи 6-2. Во вториот не го искористи и Американката прво се врати во игра, а потоа го изедначи резултатот во сетови.

Во третиот одлучувачки сет македонската тенисерка ја повтори играта од првиот сет, на што Викери немаше никаков одговор.

Во втората квалификациско коло силите ќе ги одмери со Далма Галфи која се наоѓа на 160-то место на АТП листата.

OhridNews