Актерката Линдзи Лохан е позната по своите клептомански склоности, а кражбата која неодамна ја направила не можела да и изостане на полицијата. Ѕвездата од сетот на снимањето на филмот „Scarry Movie 5“ се обидела да украде облека вредна 15 илјади долари.

Исчезнале вредни блузи и сукњи, кои подоцна биле пронајдени во плакарот на актерката. Се претпоставува дека ги посматрала како бесплатен сувенир, како сапунот во хотелите, открил извор близок на актерката. Сметајќи дека не им се исплаќа да отпуштат толку голема ѕвезда, продуцентите одлучиле да ја задржат Линдзи во екипата, а од хонорарот и биле одбиени 15 илјади долари.