Професори, студенти, преведувачи, слависти, балканисти од Грција и од уште 19 земји од светот ќе го учат нашиот јазик и култура на годинашниот 42. Семинар за македонски јазик, што ќе се одржи во Охрид од 10 до 27 август.Меѓу гостите ќе има многу лингвисти и од другите соседни земји, а многубројни ќе бидат учесници и од Австрија, Белгија, Белорусија, Германија, Италија, Јапонија, Норвешка, Полска, Русија, Словачка, САД, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка, пишува денешен „Дневник“.

 Освен за јазикот, странците ќе учат и за нашата култура, историја, археолошки пронајдоци, а ќе им се организираат и курсеви за играње македонски ора. Курсевите и средбите ќе се одржуваат во Конгресниот центар на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Ohridnews
извор: “Дневник“