Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси по трет ја освои наградата за најдобар фудбалер на светот. Со оваа награда трета во низа Меси влезе во друштво на Мишел Платини, Марко ван Бастен и Јохан Кројф. Второто место му припадна на фудбалерот од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо додека на третото место се пласираше Чави.


За најдобар тренер е прогласен “менторот“ на Меси, Хозеп Гвардиола. Најдобар гол е на бразилецот Нејмар постигнат на дуелот со Фламенго. Во женска конкуренција триумфираше јапонката Хомара Сава.

Иделните 11 според ФИФА : Касилас, Алвес, Пике, Рамос, Видиќ, Алонсо, Роналдо, Иниеста, Чави, Меси, Руни.

Мх.П.