На 14.05.2025 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 44 годишно лице од Охрид.
При сообраќајна контрола на магистрален пат Тетово – Гостивар, кај наплатна станица Тетово, било сопрено патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал охриѓанецот, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.54 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
OhridNews