На улицата „Партизанска“ во Охрид, вчера, во 01.35 часот, било лишено од слобода 35-годишно лице од Струга, кај кое при извршен преглед, полициските службеници пронашле прашкаста материја.

Вчера, во 01.30 часот, на булаварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен и 22-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на двата случаи, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews